речник контакт

Ново шест заболени од мали сипаници во велешко

Од почетокот на годинава бројката на заболени во велешко изнесува 40 лица

Петар Печков

Изминатата седмица во велешко биле регистрирани шест нови случаи на заболени од мали сипаници. Со ова бројката на вкупниот број заболени од ова заразно заболување се искачи на 40 лица. Ова се податоците кои ги соопшти Институтот за јавно здравје.  

Сите шест случаи на ново заболени се невакцинирани. Две се бебиња на возраст под шест месеци, кога не се дaва вакцина против морбилите и четири се лица на возраст над 30 години,  и кои не примиле оти вакцинацијата  тогаш не беше задолжителна - вели епидемиолог д-р Билјана Трајкова од Центарот за Јавно здравје Велес. 

Taa потсети дека  со задолжителна вакцинација е започнато во 1973-та а со по две дози вакцината против морбилите започна да се применува од 1987-ма година.

Согласно насоките на  Министерството за здравство, за задолжителна  вакцинација на здравствените работници, минатата седмица   во ЈЗО Општа болница  вакцинирани 50 вработени  а од денес  ќе можат  се вакцинираат и медицинските работници  вработени во ЈЗУ Здравствен дом. Центарот за јавно здравје покана упатил и до вработените во детската градинка „Димче Мирчев“ и тие да се вакцинираат а Министерството побара да се вакцинираат и просветните работници.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »