речник контакт

Новогодишно кршење на урбаната опрема

Двата летниковци во паркот кај ОУ Васил Главинов демолирани

Петар Печков

Првиот работен ден во новата година донесе разочарување за посетителите кои дојдоа да го искористат  јануарското сонце, во паркот кај ОУ Васил Главинов. На нивно  големо разочарување, тие видоа искршена урбана   опрема. Двата летниковци  не се повеќе место за одмор.

 Ова е далеку од памет. Кога ги видов  клупите искршени, не  можев да верувам дека некој може да го стори. Очигледно младите немаат никакви морални вредности, оставени се на улицата да ги воспитува. Ова не може да го стори некој кој има памет во глава. Искршени се во текот на ноќните часови празниците – вели разочарана и шокирана велешанка која седи во соседството.  

Од локалната власт најавуваат дека опремата ќе биде поправена, клупите обновени, кога времето ќе попушти. Но и се надеваат дека полицијата  ќе најдат начин да ги откријат сторителите. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »