речник контакт

Новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ се претстави на велешани

Новиот претседател Здравковски најави дека за него најважни работи во животот се: чесноста, транспарентноста, искреноста, семјеството и соживотот

Петар Печков

На прес конференција новото општинско ракводство на ВМРО-ДПМНЕ се претстави пред велешани.  На пресот зборуваше новиот претседател Игор Здравковски а беа присутни повеќето од 36-те члена на Општинскиот комитет.

Тука беа двајцата потпретседатели Александар Бузалков и Кирил Лазов и секретарот Дејан Палашев. Здравковски во најавата кажа дека  најзначајни вредности во животот за него се чесноста, транспарентноста, искреноста, семјеството и соживотот.

Цврсто ќе стојам зад овие вредности, затоа сметам дека тоа е вистинскиот правец во кој треба да се движиме. Општинскиот комитет има нова енергија, која значи почит за сите граѓани, подадена рака за секој што има било каква идеа, предлог сугестија - рече Здравковски.  

Преставувајќи го новиот Општински комитет објасни дека во него членуваат триесетина луѓе од различни професии и сите биле докажани професионалци  во нивната работа, дел искусни и со идеи, дел млади и енергични. Најави дека во наредниот период Општинскиот комитет ќе се екипира преку  комисиите и работните тела и ги покани граѓаните кои сметаат дека можат да дадат придонес, да се пријават. 

Немаме дилема дека овој тим на наредните избори ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ во Велес, затоа што велешани знаат да препознаат искрени намери, знаат да препознаат работа а не празни ветувања - порача Здравковски.  

На крајот од прес конференцијата изрази благодарност  и голема почит кон луѓето кои досега ја воделе партијата, рече дека дел сеуште се тука дел не, но ја имаат нивната поддршка. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »