речник контакт

Новото раководство на СДСМ Велес од денес на терен

Воведеме нов модел на делување, на лице место, на маалски и урбани средби со граѓаните - кажа Стево Крстевски, новиот претседател на ОО СДСМ Велес

Петар Печков

На прес конференција, новиот претседател на ОО на СДСМ Велес најави дека летото ќе го минат работно. Меѓу  граѓаните на  терен, на средби со нив. 

Фокусот го ставаме на граѓаните. Од денес, започнуваме со засилени теренски активности и средби со граѓаните. Со новите партиски тимови и носители на функции, придружувани од советниците, градоначалникот, пратениците и директорите, ќе ги посетиме сите граѓани на Велес.  Ќе ги посетиме во маалата, во селата, во урбаните заедници! Се обврзавме пред граѓаните дека ќе направиме промени и ќе воведеме нов модел на делување.  На лице место, на маалски и урбани средби со граѓаните, ќе разговараме за успесите што ги направивме во изминатите две години, но и за сеуште отворените прашања, за нивните приоритетни потреби и за тоа, што треба да се подобри во иднина. Ќе разговараме за подобрување на работата на локалната самоуправа, градоначалникот, централната власт и на сите институции, за да се забрза напредокот на општеството. За да го постигнеме тоа, целата структура на СДСМ се става на располагање. Тука сме да го слушнеме вашиот глас и да делуваме - порача новиот претседател н ОО СДСМ Велес Стево Крстевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »