речник контакт

Ноќеска велешани од сон ги разбуди мирисот на чад во воздухот, надлежната инспекција тргна во акција

Екологистие со став, Велес нема државен и локален инспектор за животна средина и нема кој да се грижи за екологијата, затоа се случија десетина инциденти последната година

Петар Печков

Втор ден по ред воздухот во Велес е со високи концентрации на ПМ10 честички и јаглен моноксид. Ваквата состојба е откако во вторникот попладне се запали депонијата за комунален смет, која е од нестандардна.  Во текот на ноќта многумина велешани ги разбуди лошата реа на изгорено и чад.

 „Не се дишеше, мислев дека дома нешто гори. Толку беше лошо. Не знам што е причината, но надлежните мора да интервенираат. Летно време кога преку ноќ вратите и прозорите се отворени, се уплашивме по безбедноста“ - велат велешани.  

Екологистите уште вчера порачаа дека чадот кој се испушта од депонијата е канцероген.  Во денешните нивни реакции, тие се истомисленици. Во Велес нема локален ниту државен инспектор, кој итно ќе постапува по ваквите предмети.

„Повеќе од 48 часа Велес е окован во чад, се гуши.   Надлежните треба да си ја вршат работата. Велес нема еколошки инспектори, тие треба да бидат на терен.  Состојбата е алармантна.  Резултатот од ова ќе го видиме за некој ден, кога ќе има зголеми број на респираторни заболувања, пред се кај децата“ - кажа Даниела Јовановиќ, од ЕГ „Зелена сила“.

 Со идентичен став е и Стеве Дечев од „ДОМ“.
„Процедурата Велес да добие државен инспектор, мора да се заврза. Тоа  ќе влијае  еспресоно да се постапува по состојбата со загадувањето во градот  Немам ниту локален инспектор за  животна средина, придонесе да имаме десетина хаварии а цехот го плаќаат граѓаните по нивното здравје“ - изјави Стеве Дечев од ДОМ.  

Прашна што локалната власт презема да се санира состојбата со лошиот квалитет на воздухот во Велес, кој е присутен два денам градоначалникот на Велес, Аце Коцевски,  објасни дека дале задача пожарот на депонијата да се локализира..

„Преземавме се е во нашите можности и надлежности. Активирани се службите од  ЈКП Дервен и противпожарната единица, да се ставање под  контрола и гаснење на пожарот“ - кажа Коцевски.

Од Државниот инспекторат за животна средина соопштија дека нивна екипа ќе изврши увид на депонијата за комунален смет, која се наоѓа на влезот во Велес, од правец на Штип. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »