речник контакт

Ноќеска изгоре автомобил на Бричкова

Ќе се бараат причините за пожарот. Сопственикот вели дека не добивал закани и не должел

Петар Печков

Ноќеска два и пол часот  по полноќ изгоре автомобил во Велес, близу Којник.   Автомобилот бил  марка ,,голф 3,, сопственост на Гане Петровски од Велес.  Инцидентот се случил на улица Максим Горки бр. 98 во месноста Бричкова близу Којник. Според соседите експлозија ги вознемирела околу 2,30 часот.  

Имаше експлозија, излегов на прозор и видов дека гори автомобил. Беше лошо оти можеше куќата под која беше паркиран да  пламне. Дојдоа пожарникари  кој го гаснеа автомобилот час и половина – вели сосед, од блиските куќи.  

Против пожарникарската екипа работела од 3 до  4,30 часот утрово, кога го локализирала огнот. По него остана само поцрнетата каросерија од автомобилот.  Сопственикот, кој работи како таксист  не знае што е причината за пожарот, но не сака да размислува дека некој му  го подметнал  огнот. 

Знам дека на никого ништо не му должам, не сум се замерил, нема мотив да го стори ова. Работев како таксист, од оваа кола вадев леб дома за семејството, сопругата и двата сина ученици. Тоа што зборуваат дека е од кесе со  фрленото ѓубре до автомобилот, во кое  имало пепел па се запалил  е неверојатна прикаска – вели Гане Петровски.

Од велешката полиција го потврдија настанот и велат дека нивна екипа извршила увид и работи на откривање на причинети за пожарот.  Автомобилот пламнал откако експлодирала боцата со плин, оти   тоа средство се користело како гориво. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »