речник контакт

Ноќеска уапсен велешанец, осомничен дека извршил кражба од двор на сограѓанин

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот

Петар Печков

Ноќеска полицијата уапсила велешанец, осомничен дека извршил кражба од двор на сограѓанин, информираше  МВР. Кражбата била извршена на улица, позади Хигиенски.

„На 1 декември  во 02.45часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.А.(21 год ) од Велес. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба од двор на ул.„Пајак Планина“, сопственост на А.А.(55 год ) од Велес, при што одзел повеќе предмети“ - соопштија од МВР.

Од полицијата додаваат дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »