речник контакт

Ноќна контрола на угостителските објекти oд градот, колку се почитуваат законските обврски (видео)

Еден објект е затворен бидејќи имало гости без ковид сертификат , во друг немало фискален апарат, во трет во касата имало поголема сума пари, во четврт персоналот не носел заштитни маски

Петар Печков

Вчеравечер, петок кон сабота, (25/26.февруари) во градот Велс е изведена заедничка акција на МВР,  со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд.  Контролирани се седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес. Eве што кажаа за оваа контрола од МВР.

„Еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес. При контролата во еден од објектите утврдено е непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи. Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса. Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е не носење заштитни маски од страна на персоналот за што ќе следуваат соодветни поднесоци“ - соопштија од МВР.

Вакви акции изминатиот викенди беа спроведени на подрачјето на земјава, во повеќе градови и прашање беше кога ќе се реализира во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »