речник контакт

Ноќна одисеја со воз од Скопје до Велес за 4 и пол часа

Триесетина патници од Велес три и пол часа чекале во воз да стигнат дома

Петар Печков

Вечерниот воз од Скопје за Велес, во средата вечер  три и пол часа бил на отворена пруга.

Толку време патниците  чекале да стигнат дома, но никој ниту ги информирал што се случувало, зошто патничкиот воз стои и кога ќе стигнат во Велес. 

Во возот кој од Скопје тргнува во 22,33 имало околу 30-тина патници, сите велешани, повеќето од  нив  од работа  се враќале дома.   

Возот застана на Кадина река и тука остана три и пол часа. Наместо во Велес да бидеме во  23 и 30. Стигнавме во три часот утрината.  Ниту кондуктерите нешто кажуваа, ниту информираа што се  случува, само во пуста темнина стоевме 210 минути. Каков е чувството да се биде во овај дел  од ноќта  на пруга, во пустелија не може да се раскаже    – велат   револтираните патници. 

Од Македонски Железници информираат дека причината зошто патничкиот воз стоел е дефект на товарен воз кој се расипал на дел од пругата помеѓу  Рајко Жинзиров и Кадина река.

Тој дел бил тешко достапен, па  додека дошле нивни екипи да г о отстранат дефектот минало време. 

Причината пак за  дефектот на товарниот воз, кој го препречил патот на патничкиот, била  дотраеноста на моторот а доцнењето било 3 часа и 15 минути.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »