речник контакт

ОЈО Велес од судот бара за девет лица по 800 евра глоба затоа што не почитувале полициски час

Обвинетите биле затекнати од полициски службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот

Петар Печков

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за вкупно девет лица кои го сториле кривичното дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

Велешкото обвинителство поднело  неделава во два наврати, денес  четири  и во средата  пет предлози за издавање казнен налог.  

Обвинителството на Судот му предложило  на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

Обвинетите биле затекнати од  полициски службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата  на државата - пишува во соопштението на ОЈО Велес.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »