речник контакт

ОЈО Велес оформи предмет за проверка на информациите дека негувателка им давала на децата да пушат електронска цигара во градинка во Велес

Директорката вели дека настанот не е прикриен, туку таа за него ги информирала сите засегнати страни

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

„Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот“ - соопштија од ОЈО Велес.

Тие  преземале и други дејствија, а предметот е  во фаза на предистрага. Таа треба да разјасни дали негувателката им давала на децата да повлечат дим од електрична цигара или истата и паднала и некое од децата ја земало и искористило.  Настанот се случил во клон „Маргаритка“ кој е во месноста Дворови.  

Со писмена реакција се обрати директорката на Детските градинки „Димче Мирчев“ од Велес.

„Сакам јавно да соопштам дека случката од 29-ти септември не се повторила, значи не се случила ни еднаш претходно ниту по овој датум! Тоа што за неа се прозива воспитувачка се дезинформации затоа што станува збор за негувателка! Исто така, тоа што сум прозвана за прикривање на случката не е точно! Јас како директорка на ОуЈДГ Димче Мирчев"- Велес заедно со вработените и стручната служба, не ја оправдуваме и не се обидовме да ја сокриеме од јавноста. Напротив, ги информираме сите, и родителите и граѓаните и политичките партии и Градоначалникот, и советниците во Советот на Општина Велес дека примени се и со стручните служби на ОУЈДГ .Димче Мирчев"-Велес сослушани се родителите на децата и обезбедени се писмени изјави на дел од нив. Потоа за "овозможено потегнување на дим од електронска цигара од страна на неколку деца", од една група, превземени се сите неопходни мерки согласно законите и прописите. Известени се сите надлежни институции, направени се потребни консултации, согласно законите во државата и суспендирана од работа е негувателката, додека случајот е, актуализиран пред Министерството за труд и социјална политика и пред Дисциплинска комисија на ОУЈДГ „Димче Мирчев”. Тоа го сработивме одговорно и транспарентно при тоа одржувајќи постојана комуникација со родителите на децата кои го пријавија случајот. Во делот дека се одземени ингеренциите, сакам да појаснам тоа се однесува во делот на избор на членови на УО на градинката. Таа и натаму е Општинска јавна установа“-  соопшти Маја Велиновска директорка на ОЈУ Детски градинки Димче Мирчев, Велес.

Во текот на вчерашниот ден во детската градинка  имало вонреден инспекциски надзор од страна на Министерството за труд и социјална политика.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »