Петар Печков
Објавено: четврток, 20 февруари 2025
Одбојкарите на ОК Борец се пласираа во завршницата од Куп натпреварите. Тие во четвртфиналето ја совладаа екипата на ОК Лирија со 3:0 (13, 20, 11). Се игра еден натпревар.
Без многу мака велешани стигнаа до максимална победа и пласман меѓу 4 најдобри екипи. Таму се веќе екипите на ОК Штип Универзитет Гоце Делчев- лански освојувач на Купот, ОК Струмица првак а последниот четврти учесник ќе биде познат наредната седмица помеѓу екипите на ОК Шкендија и ОК Работнички.
Пред две години велешани играа во финалето во Радовиш, каде загубија од ОК Струмица.
Tweet |