речник контакт

ОК на ВМРО-ДМПНЕ реагира на одуката Инфективното одделение на велешката болница да биде изолациски центар за сомнителни случаи од корона вирусот

Велешката опозиција побара од министерот за здравство Венко Филипче да ја преиспита и преиначи донесената одлука

Петар Печков

ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес на прес конференција реагира на одлуката на Министерството за здравство, инфективното одделение при Општата Болница во Велес,  да биде изолациски центри и карантинска единица за сомнителни случаи од Корона вирус.

3агрижува фактот дека инфективното одделение во Велес ниту технички, ниту инфраструктурно нема услови за згрижување на заболени, потенцијално болни и сомнителни болни од Корона вирусот. Критериумот според кој е направен изборот е нејасен, но јасно е дека Инфективното одделение при Општа болница Велес е со супстандардни услови за згрижување и третман на болните.  Велешката болница располага само со тројца инфектолози. Нема ниту соодветна апаратура, не располага со соодветни количини на антивирусна  терапија, а нема ниту хигиенски услови за достоен третман на сомнително болните и заболените - пишува во писменото соопштение. Велешката опозиција побара од министерот за здравство Венко Филипче да ја преиспита и преиначи донесената одлука и го прашува:

Дали  министерот Филипче го посетил Инфективно одделение во Велес и дали знае какви се условите и колку е оштетена инфраструктурата на одделението за инфективни болести? Без топла вода, без греење, оштетена дограма...

Според кој критериум Инфективното одделение во Велес е избрано да биде Центар за изолација и карантинска единица за сомнително болни?

Знае ли министерот Филипче во какви недостоинствени услови работи медицинскиот персонал на Инфективното одделение?

Знае ли министерот дека има само тројца инфектолози во Велес?

На крајот од реакцијата ОК на ВМРО-ДПМНе констатира дека ,,Болницата во Велес не е ниту Клинички центар ниту има опрема, реагенси и антивирусна терапија за соодветен третман на заболени, сомнителни и потенцијално болни од Корона вирус!,,.

Затоа опозицијата во писмената реакција  бара  ваквите изолациски центри и карантински единици да бидат болници кои се лоцирани надвор од населени места.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »