речник контакт

ОО на Црвен крст Велес дели за социјалните случаи, пакети со храна и хигиена

Донацијата е од централата на Црвен крст во Скопје а се делат 100 хуманитарни пакети

Петар Печков

Десетина волонтери на ОО Црвен крст  Велес неделава делат хуманитарни пакети за семејствата во социјален ризик. Треба да се поделат 100 пакети, по 50 со храна и исто толку со хигиенски средества. Донацијата е од  централата на Црвен крст во Скопје.

Продолжуваат  активности за ублажување на кризата која ја предизвика пандемијата со корона вирусот.  Целта е да  се помогне на лицата кои немаат вработување и ниски примања. Освен во Велес, пакети со хуманитарна помош се доделија и во дел од населените места во Општина Чашка. Утре  ќе бидат посетени и жители во Општина Градско - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »