речник контакт

ОУ Васил Главинов втор, ОУ Рајко Жинзифов трет, на листата за најбезбедни училишта во земјава

Истовремено тие се и меѓу најчисти училишта во Македонија

Петар Печков

Две велешки основни училишта се најдоа на листата на Министерството за образование како најбезбедни и најчисти за учебната 2015/6 година. Тоа се  ОУ Васил Главинов како  втор, ОУ Рајко Жинзифов трето место.  

За најбезбедно и најчисто основни училишта избрано е ООУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци. Изборот  го извршила стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта. 

Ова е награда за континуирана работа за подигнување на свеста на учениците  и персоналот  за  здрав и чиста средина. Исто така се вложува во безбедноста за учениците додека престојуваат на училиште – велат раководителите на овие две образовни институции.  

Во категоријата на средни училишта, за најбезбедни и најчисти училишта избрани се: СЕТУГС „Михајло Пупин“- Скопје - прво место; СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје - второ место и ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово - трето место.

Прво наградените основно/средно училиште ќе добијат смарт табла која ќе биде обезбедена од страна на Министерството за образование и наука, додека наградите за второто и третото место ќе бидат обезбедени од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »