речник контакт

Обвинетиот екс градоначалник на Чашка вината ја префрла на комисијата

На Пановски му се суди оти според обвинението прибавил значителна имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566,00 денари, а на штета на ПС ”Солунска глава”- Велес

Петар Печков

Горанчо Пановски, како тогашен градоначалник на Општина  Чашка, сведочеше во Основен суд Велес, за легализацијата на планинарнскиот дом Чеплес. Тој е обвинет за кривичното дело  ,,злоупотреба на службената должност,, . Пановски во своето сведочење вината за случајот ја префрли врз комисијата, која ја спровела легализацијата.

Кога се донесе Законот за легализација, се формираше комисија.  Во општината беа поднесени 4,5 илјади барања.  За  потребите на едукација, комисијата беше на 15 обуки и семинари, за да не  направи превид.  Добивме Одлука од Влада за легализација  на дивоградби а се од општински интерес.  Јас ја следев и набљудував работата  комисијата, но немав удел во нејзината  работа. До тука немаше да дојде ако Планинарското друштво ,,Солунска глава,, поднесеше барање, како што тоа го стори МПЦ-ОА.  Ако поднесоа барање, ќе  се решаваше  во граѓански спор, како во случајот со ПД Вртешка, кој спор го доби  општината Карбинци.  Во ниту еден  момент, никој од сведоците не кажа дека дошле во општината да се информираат за легализацијата  на дивоградбите.  Одговорноста за овој случај е кај  комисијата, таа беше  инволвирана,  не јас.  Да  потсетам дека се водеше  спор пред Управен суд, кој со  првостепна одлука му припадна на  Планинарското друштво ,,Солунска глава,, но Вишиот Управен суд ја  укина. Не знам каде е сега спорот - рече Пановски.  

На прашањето од обвинителката Гордана Тодорова ,,како  го поврзува Планинарскиот дом ,,Чеплес,, со државни објекти и општински објекти или каде  прочитал во нацрт извештајот од 6-тата седница на Владата,, дека  под ,,нивните објекти,,   припаѓа и ПД ,,Чеплес,,, Пановски одговори дека ,,така сметала  комисијата, така  и  постапила, оти била на 15 семинара и обуки,,. 

На ново прашање од обвинителката Тодорова,  дали Пановски знае  како магистер по   право дека  ,,мислењето на комисијата не е  обврзувачко да го потпише градоначалникот, оти  негов потпис  е на барањето за легализација на  ПД ,,Чеплес,,  Пановски  рече дека знае но има обврска оти Советот на Општина Чашка донел  таква одлука а тој морал да ја почитува, но и дека се согласувал со комисијата за легализација на ПД ,,Чеплес,,.  

Обвинителката го праша дали некогаш воопшто испратиле некаков документ до ПД ,,Солунска глава,, за  тие да знаат дека се врши легализција на објектот па да дојдат да реагираат, Пановски  рече дека не испратиле.  

Судењето продолжува кон крајот на април. Досега овој предмет го работеше судијката Тања Милева, која замина во Апелација Скопје. Започна да го работи на 14 октомври 2016-та но  повеќе се одложуваше отколку што се  работеше. Сега петчлениот судски совет го води судијата Дејан Перчинковски. 

На Пановски му се суди оти Обвинителството низ истражната постапка  утврдило  дека во временскиот период од 02.09.2011 год. до 30.04.2013 год. во својство на службено лице – Градоначалникот Горанчо Пановски,  со искористување на својата службена положба и овластување, прибавил значителна имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566,00 денари, а на штета на оштетеното здружение Планинарско спортски клуб ”Солунска глава”- Велес.   

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »