речник контакт

Обвинетиот за убиството во Ореше прозборе, ама селективно

Ѓоре Петровски, кој летово беше испорачан од САД како нарачетел на убиството на Лазо Милошевски тврдеше дека е невин

Петар Печков

Ѓоре Петровски ( 42год) обвинет дека е нарачател на убиство во Ореше од пред шест години, конечно прозбори, но селективно, одговараше само на прашањата од неговите бранители, додека  на тие од обвинителството не. Петровски, кој по три години барање, летово беше испорачан на Македонија, по два неуспешни обиди за почеток на судењето, ја даде својата одбрана во Основниот суд во Велес. Рече дека не се чувствува за виновен .

На правдина ме земате. Еден син имам и два внука од брат ми, во нив се колнам дека сум невин. Пред федералниот суд во Њу Мексико одговарав за ова што вие ме товарите, таму судијата чукна со чеканот по маса и рече дека сум невин. За американците нема дело, а овде во Македонија има. Можно ли е тоа – изјави Петровски  излагајќи ја својата одбрана. Кај него видливо беше дека е нервозен и збунет а тоа го објаснуваше  поради тоа што 34 месеци бил во притвор.

На прашањата од обвинителот Ивица Ефремов не одговараше,, оти го малтретирал и се вртел во круг, тука, па тука,,. Тој не можеше да се сети на кого се му испраќал пари од САД, но знаеше дека  на браќата Љупчо и Ордан Георгиевски, кој се обвинети дека се извршители на убиството, им испратил вкупно 3.200 долари, кои биле наменски за изградба на манастирот Св. Ѓоргија во Ореше и за изработка на икона, вредна 1.100 долари. Од САД во Македонија имал вкупно 38 трансакции.

Парите за манастирот и иконата ги праќал преку браќата Георгиевски а не преку други лица, бидејќи сметал дека се чесни и поштени луѓе, кои ги знае од млади години. Преку нив дури пратил и 1.100 долари за шура му, за да добие лиценца за пожарникар.

Во еден момент, и покрај предупредувањата од судијата, да внимава да не го открие идентитетот на заштитениот сведок ,,Бреза,, обвинетиот Петровски го посочи со име и други детали, од  кој јасно се открива кое е лицето кој е крунскиот сведок во овој случај Подоцна  и двајцата браќа Георгиевски потврдија дека го знаат кој е ,,Бреза,,  за Ордан да изјави дека ,, и бебињата знаат кој е тој,, . Браќата во своја одбрана тврдеа дека се жртви во овој случај.

Каде се доказите дека сме невини. Веднаш по убиството, во Скопје ни беа земени парафински ракавици, нитратни честички кои беа негативни,а отисоците од стопалата од местото на убиството не се совпаѓаа со нашите. Сите овие докази денес ги нема, не постојат – рече Ордан Георгиевски. Пред судот сведочеше и синот на убиениот Лазо Милошевски, кој рече  тој и неговиот тако,  често биле малтретирани и добивале закани, дури и со пиштол од Ѓоре Петровски, пред тој да замине во САД.

 На 5-ти октомври годинава Јане Тица, како пријател на обвинетите браќа физички ме нападна и ми се закани, дека поради  мене Ордан и Љупчо  биле три години во притвор и да не внимавам  да не завршам како претседателот Глигоров – рече Милошевски. Судењето продолжува со сослушувањето на сведоците. Ѓоре Петровски, кој 15 години живееше во САД, е обвинет дека за 20 илјади долари го нарачал убиството на Лазо Милошевски, заради безобѕирна одмазда а како извршители се посочени Ордан и Љупчо Горгиевски. Убиството се случи на 2-ри декември 2005-тата година во 20,45 во селото Ореше, додека старецот дома ја подготвувал вечерата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »