речник контакт

Обвинетите присутни, сведоците отсутни за случајот на запалената амбуланта во село Ореше

Сведокот Арсовски, познат како Бреза приведен во Скопје за да биде донесен во Велес, ама оти немало превоз, задржан четири часа во полициска станица, не беше донесен па судењето одложено

Петар Печков

Судењето за запалената амбуланта во село Ореше не се одржа, обвинетите беа присутни, но не дојде никој од сведоците. Тие од Ореше не допатуваа оти судот со години не им ги плаќал сметките за превоз, што доаѓале за други процеси, додека сведокот Арсовски, познат како ,,Бреза,, иако бил приведен со судско барање,  не беше донесен во велешкиот суд.

Од  утрово од 9 часот полицијата ме зеде од дома во Скопје, за да ме носи во Велес на суд да сведочам. Ама четири часа ме држеа во станица, иако завчера од Болница од хематологија  ме пуштија дома. Немале со што да ме донесат во Велес, па ме вратија дома -  изјави Златко Арсовски. 

Од МВР  не дадоа одговор зошто Арсовски иако бил приведен, не беше донесен за Велес, а   за целосна информација препратија до  Основниот суд во Велес, по чие барање за приведување тие и постапиле..  Судењето беше презакажано за в септември.  Неколкуте сведоци пак од селото не дојдоа, оти повеќето од нив  се  јавуваат како сведоци и во случајот убиството во Ореше.

Пет години доаѓаме а денар немаме добиено за надомест. Никој ни работа ни сабота има, од каде пари за да дојдеме од Велес и назад. Таксистите бараат по десет евра од човек. Башка и цел ден го губиме – велат сведоците кои живеат во Ореше.

Со обвинителниот акт се товарат Ѓоре Петровски како порачател и Благојче Ѓурчиновски како извршител, предизвикале пожар кој до темел ја изгорел зградата на амбулантата и селската продавница во Ореше.  Ова Петровски го побарал од Ѓурчиновски поради  одмазда, за што преку Вестерн Унион исплатил 800 долари кои биле исплатени на 28 март 2007-та година. Огнот бил подметнат ноќта помеѓу 31 јануари и 1-ви февруари 2007-та година.

Претходно Ѓурчиновски за таа цел со такси возило рено 21 дошол во Ореше а попатно од бензинска пумпа во Велес купил 5 литри бензин. Со истиот  ноќта го полеал кровот и го запалил. Од пожарот изгорела селската продавница и амбулантата  користена  од  ЈЗУ Здравствен дома Велес а сопственост на  ЈП  за стопанисување со станбен  и деловен простор. Огнот предизвикал штета од 2,4 милиони денари. Претходно обвинетите ги отфрлија наводите од обвинението, негирајќи било каква поврзаност со делото  и настаните во селото од пред седум години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »