речник контакт

Обвинетите родители на трите изгорени деца сметаат дека пожарот е подметнат и треба да се бара сторителот

Со кривичното дело кое се гонат тие не се товарат за пожарот, туку како се грижеле за децата и како ги остварувале родителските права- кажа обвинителката Станинова

Петар Печков

Обвинетите  Марина и Никола Антониески , во својство на сведоци,  кажаа што се случувало критичниот ден, 20-ти јуни  2018-та, кога во пожар  во нивниот дом на улица Даре Џамбаз, близу Вршник,  изгореа трите нивни деца Драгана, Петар и Теона, на четири, три и една година возраст.   Родителите се обвинети за кривичното дело ,,запуштање и малтретирање на дете,,  при што на почетокот на судењето, во јануари 2020-та кажаа дека не се чувствуваат виновни.  

„Околу пладне, ги наранив децата, ги средив и тие заспа па јас отидов на Којник да пазарам. Никола беше на работа, па го почекав  таму и заедно купуваме. Утрото бев исто така до Којник, па ги оставив децата сами, оти плачеа за јадење, им купив бисквити и млеко. Кога на пладне излегов повторно да пазарам, ја затворив врата со рајбер, оти претходно Јован, (поранешниот сопруг на Марина) ја скрши и не се затвораше.  Во куќата каде живеевме немаше вода, струја, живеевме под закани од поранешниот сопруг Јован. Пред да се случи пожарот, тој ни порачуваше дека куќата ќе ја запали, ќе гориме сите и ќе не отепа. Ни испраќаше и СМС пораки со закани. Заканите беа и кон мене, и кон Никола и кон децата, кон сите. Бидејќи имавме лоши услови за живот, два-три пати бевме во Центарот за социјални работи и баравме помош, ни рекоа не можат да помогнат. Некој пат кога отсуствував,  децата ни ги чуваше ќерката на Никола, која има 23 години“ - сведочеше Марина Давчевска, сега Антониевска.   

На нејзиното сведочење забелешки имаше јавниот обвинител Аделина Станинова. Таа бараше да се евидентира дека сведокот, дала различни искази во судот и во истрага, пред јавен обвинител.  Поточно пред две години тврдела дека  прв пат ги оставиле сами, а денес дека тоа се случувало и претходно и  во истрага кажала дека со сопругот  од дома тргнале заедно на Којник а денес тврдеше дека сама заминала. Сведочеше и обвинетиот Никола Антониевски.  

 „Пет години живееме заедно со Марина и толку време  имаме проблеми со нејзиниот поранешен сопруг Јован.  За ова реагиравме и во полиција и во социјалното и во внатрешна контрола на МВР, но ништо не се презема.  Барав заканите кои беа упатени кон нас преку мобилен да се земат во предвид во судењето, но ништо.  Барав помош од социјалното три пати, но сега ни доделија, откако децата изгореа. Ние не сме јаделе, но за децата секогаш имало.  Во куќата, тоа беше една соба, немавме струја, вода, немаше плин, кибрит, запалка. Само плинска боца за кафе која беше надвор и шпорет на дрва, кој беше исто така надвор во шупата. Запалката за дрвата ја чувавме во ѕидот надвор.  Никој не презеде да се испита, зошто мрежата на едниот прозор беше  оштетена  и во оден дел отстранета. Тоа и го кажав на полицијата кога беше увидот по пожарот - кажа Никола Антониевски.  

Обвинителката Станинова повторно реагираше на различните изјави дадени на обвинетиот како сведок денес дека со Марина се нашле на Којник а во истрага дека заедно со неа заминале од дома на Којник.  Станинова кажа  и дека обвинетите  немале поднесено барање до Центарот за социјални работи за стан.

 „Со кривичното дело кое се  гонат тие не се товарат за пожарот, туку  како се грижеле за децата и како ги остварувале родителските права“ - кажа Станинова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »