речник контакт

Обезбедена документација за аграрните реформи од Повардарјето

Подрачното одделение во Велес на Државниот архив обезбеди 400 кутии архивски материјал од 1945-та до 2003-та од Вардарскиот регион

Петар Печков

Подрачното одделение на Државниот архив, во Велес обезбеди 400 архивски кутии материјал  документација за експропријација, за аграрна реформа,  за конфискација, за национализација , за земјиштен максимум,  за арондација. Тие се преземен материјал од Министерство за финансии одделение за имотно- правни работи од канцелариите во Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија.            Документите се за периодот од 1945 до 2003-та година а   вкупна количина е 400 архивски кутии

Обезбедивме  огромна документација која беше во депоата на министерства за финансии. Следи негова  обработка, за во иднина да можат граѓаните  на кои им е потребен било кој документ да го добијат, да  биде достапна до нив.    Ќе имама голема работа, за да ја средиме граѓата. Благодарност до одделенијата  на кои ја сочувале документацијата и не ја уништиле .Таа остава трага како пишан документ од времето како тогаш се работело- рече раководителот Слободан Ников.   Материјалот е достапен за секого, не е забранет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »