речник контакт

Обележана 67-та годишнина од Февруарскиот поход

Историски час за еден од позначајните настани во НОБ, се обележа во месноста Камила регионот на Азот

Петар Печков

Преживеани борци, членови на боречките организации ид Велес, Штип, прилеп, Битола, Скопје и Кавадарци, припадници на АРМ, месното население  им одадоа почит на загинатите партизани во Февруарскиот – Богомилскиот поход. Целата било македонските партизански единици кои во зимото 1943/44 година биле во Егејска Македонија да се пробијат во Централна Македонија и започнат борбени дејствија на оваа територија.

Главниот штаб го направил следниот план: Првата борбена група ја сочинувала Првата македонско-косовска бригада, на 31 јануари 1944 година изутрина од с. Бахово Егејска Македонија тргнала преку Мариово, Азот и Порече кон западна Македонија, а Третата борбена група наречена Тичова група, што ја сочинувале еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон "Христо Ботев" со Главниот штаб да тргне истиот ден во исто време од с. Зборско Егејска Македонија преку Беласица, Плачковица и Осогово да дојде до Кумановско.

Втората борбена група, што ја сочинувала Втората македонска бригада, да тргне изутрината на 31 јануари 1944 година од с. Зборско во борбени акции во реонот на Тиквешко и Гевгелиско, со задача на себе да привлече што повеќе непријателска војска за да им го олесни пробивањето на Првата и на Втората борбена група. Така започнале борбените операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Во тој поход единици воделе тешки борби, полни со храброст, издржливост, ранувања, умирања... како што биле борбите кај Богомила.

Во февруари 1944 година, со познатиот Февруарски поход, народноослободителната војска на Македонија извршила оперативни дејства, речиси на целата етничка територија на Македонија. По пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »