речник контакт

Обид за разбојништво во продавница кон црквата Св. Спас

Продавачка им дала отпор на двете лица, по што тие побегнале

Петар Печков

Обид за разбојништво во продавница на улицата кон Св. Спас. Продавачката дала отпор па разбојниците побегнале. МВР со детали за настанот, кој се случил саботата вечер.

„На 15 октомври околу 20.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во продажен објект на ул. „Прохор Пчински“ во Велес, две лица физички ја нападнале и со закана со остар предмет се обиделе да одземат пари од дневниот промет, но не успеале“ - соопштија од МВР.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

Оваа пролет во стариот дел на градот, имаше бројни кражби и разбојништва, поради што жителите бараа од полицијата да ги открие сторителите и да го врати мирот и спокојството во овој дел на Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »