речник контакт

Обичаи, традиционални јадења, носии, народни инструменти за заедништво

Проект за интегрирано образование меѓу Македонците и Бошњаците од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари и ОУ Блаже Конески од Велеc

Петар Печков

  Учениците од  двете ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари и ОУ  Блаже Конески од Велес одржаа заедничка активност на  интегрирано образование. Откако претходно  биле во Горно Оризари и работеле  на тема народно творештво, овој пат беа во  Велес.

Го покажаа заеднички сработеното, со цел запознавање на два етникума, што  придонесува за  зближување на децата, градење на соживот и натамошно дружење во животот.

На овој едночасовен час, тие презентираа народно творештво, обичаи, традиционални јадења, носии, народни инструменти, каков бил животот на двата етникума во минатото и денес.

Ова активност опфати 50-тина деца од двете училишта на возраст од 10 и 11 години. Тој е  мултиетнички проект,  со кој се постигнува учење на немајчин јазик, почитување на различностите,   почитување на различни култури,  се гради заедништво.

Носиите во кои беа облечени децата  се обезбедени од фолклорен ансамбл но и наследени од дедовците и бабите. Трпезата беше со традиционални  јадења на двата народи, подготвени од мајките и бабите. Проектот е реализиран со помош на наставниците Лила Арсова и Светлана Бобевска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »