речник контакт

Објавен е новиот репертоар на 3Д киноверзум за Велес (видео)

Три нови филмови на репертоарот на 3Д киноверзум за Велес, од кои еден е детски, двата се акциони

Петар Печков

„65“ каде главниот јунак Адам Драјвер  е пилот  на вселенски брод кој по судир со астероид паѓа на непознаа планета, се додека не открие дека всушност се насукал на планета Земја, пред 65 милиони години. Филмот ќе се прикажува четврток, сабота и вторник.

„Шазам! Бес на боговите“  е продолжение на серијалот са супер јунаците. Тим од млади супер херои мора да најде сила да се соочи со својот најтежок предизвик досега! Дали Шазам и неговите згрижувачки браќа и сестри можат да го спасат светот од античките богови кои бараат одмазда? Ќе се прикажува секој ден следните седум дена, освен вторник.

Сабота и недела во пладневната програма е детскиот филм „Баш супер“  , производство Норвешка, насинхронизиран  на македонски.   

Хоророт „Врисок“шестото продолжение а филмот ќе се прикажува петок, недела, вторник.  

Американска спортска драма, „Creed III“  филм од 2023 година, во режија и со главна улога на  Мајкл Б. Џордан, според сценарио на Кинан Куглер и Зак Бејлин., продолжение на серијалот Creed и целокупно деветти дел од серијата филмови Роки. ќе се прикажува сабота, понеделник и среда.

Акциониот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“е на репертоарот  е в недела. Американски филм за суперхерои, базиран на стрипови на Marvel, во кој се појавуваат ликовите Скот Ланг / Ant-Man и Хоуп Пим / Оса.

Детскиот анимиран „Мармадук“ е  репертоарот в сабота и недела во пладневната програма.

Во периодот по доделувањето на Оскарите, публиката очекуваше да репертоарот да се најдат некои од филмовите кои го добија статуетките, како што е случај во другите кина, но во 3Д киноверзум за Велес, тоа не се случи

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »