речник контакт

Објавен конкурсoт за интернационалниот стрип натпревар

Го организира Стрип центар на Македонија со седиште во Велес

Петар Печков

Стрип центар на Македонија со седиште во Велес го објави конкурсoт за интернационалниот стрип натпревар, којшто се организира во склоп на 15-тиот меѓународен  стрип салон „Велес 2017“...

На  стрип конкурсот  во 2015 година беа пристигнати дотогаш рекордни 228 дела од 42 земји од светот. Додека во 2016 г тој број уште повеке се зголеми  и изнесуваше  254 пристигнати дела  од сите континенти.

Споредбено со други сродни активности, посебно од регионот, тоа претставува солидна бројка бидејки овој салон е наменет само за стрип.

Освен квантитетот на добиени стрипови од странство интензивно се зголемува и интересот мегу македонската стрип сцена. Постојано се појавуваат нови имиња коишто го бараат своето место под „македонското стрип небо“. Посебно се зголемува соработката со училиштата и културни асоцијации од сите средини на Македонија, информираат од Стрип салонот. Изјави ване Трајков –извршен директор на македонскиот стрип центар.

Крајниот рок за поднесување на стрипови е 20.09.2017 г .

Повеке информации ,освен за овој конкурс и за други активности од македонската стрип сцена може да се најдат на веб страницата www.comicscenter.mk

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »