Петар Печков
Објавено: петок, 31 јануари 2025
Општина Велес го распиша конкурсот за доделување на актерската награда „Петре Прличко“. На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност.
Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Северна Македонија. Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.
Годинава рокот за поднесување на предлози за актерската награда Петре Прличко истекува на 28 февруари.
Последните три години наградата се доделува на театарскиот фестивал „5ре“ кој се одржува во месец март.
Tweet |