Петар Печков
Објавено: четврток, 06 февруари 2025
Судскиот совет и Советот на јавни обвинители експресно објавија конкурси за избор на судија и обвинител во Основен суд Велес и во ОЈО Велес.
И во двете институции се бара по еден судија и еден обвинител. Согласно на законот, комисија ќе врши рангирање на кандидатите, со интервју и бодирање а кандидатите треба да имаат завршено Академија.
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ вчера, среда ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Неа ја заврешија четворица кандидати од Велес.
Tweet |