речник контакт

Објектот на пунктот за земање брис за ковид-19 е променет

Наместо во поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, новата просторија е во поранешниот хотел Вила Зора

Петар Печков

Од пред некој ден пунктот за земање  на брисеви за ковид-19 во Велес е променет. Наместо како што беше досега, во зградата на поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, тој е во поранешната амбуланта на д-р Панче Арсов, соопшти градоначалникот Аце Коцевски.

Или стотина метри подалеку од тој што досега работеше.  Во овој пункт доаѓаа лица освен од Велес и од Скопје, Свети Николе, Кавадарци. Од Центарот за јавно здравје Велес, објаснуваат дека ова е одлука, за новата локација на  пунктот, е на кризниот штаб на Општина Велес.

Моравме да ги ослободиме просториите од поранешното ОУ, бидејќи таму се наоѓаат дури три гласачки места за вонредните парламентарни избори. Обезбедивме простор во зградата на поранешниот хотел Вила зора, од долна страна, покрај реката Вардар, соодветно подготвен, безбеден.   На надлежните органи,полицијата,  дадовме обврска да ги контролираат лицата кои доаѓаат да бидат проверени, да не се шетаат низ градот, по продавниците - кажа Коцевски.  

Дополни дека секојдневно, по извршената обврска, земање на  брисеви, се врши дезинфекција на просторијата и околу неа, од страна на вработен на ЈКП Дервен.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »