речник контакт

Оваа пролет во Градскиот парк се врши голема реконструкција

Пролетва во Градскиот парк се врши првата поголема реконструкција по 60 години негово постоење.

Петар Печков

Од денеска започна и втората фаза од проектот на ревитализација на Градскиот парк најавија надлежните од ЈКП Дервен. Работници од градежната компанија Изгрев инжинеринг работат на поставување ивичњаци на патеките во паркот а истовремено вработените од РЕ Паркови и зеленило работат на поставување на систем за наводнување долж патеките. По овие активности ќе следи сеење на трева по тревниците.

Во 3- та фаза од проектот ќе се изврши хортикултурно уредување на Градскиот парк. Сите активности од процесот за заживување  ќе се извршуваат во временски период кога е најпогодно за правилен раст и развој на зеленилото, дрвјата и цвеќињата и во зависност од временските услови.

Претходно беа отстранети сите стари, деградирани дрвја и неорганизирано зеленило од паркот и се извршeна длабока обработка на земјиштето како подготовка за засадување.
Локалната власт најавува дека во паркот ќе има патека за трчање и возење на велосипед.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »