речник контакт

Оваа седмица јунаците од детството Вини Пу и Пиглет во филм хорор верзија, во 3Д киноверзум

Нов филм е црната комедија „Мечка на кокаин“ и детскиот „Догтањан и тројцата мускетари“

Петар Печков

И наредните седум дена, на репертоарот на велешкото кино “3Д Киноверзум“ има три премиери, од кои еден филм е цртан за деца.

Посетителите ќе можат да го погледнат хоророт со интересен наслов  „Вини Пу: Крв и мед“, хорор пресврт на добро познатите ликови од детството. Вини Пу и Пиглет, напуштени од нивниот сакан Кристофер Робин, тргнуваат во застрашувачки лов за нивниот следен оброк.  Дали сте подготвени да видите како се рушат вашите спомени за омилените ликови од детството? Ќе се прикажува четврток, сабота, понеделник и вторник.

Вториот филм е црната комедија „Мечка на кокаин“. Откако  црна мечка ненамерно конзумира кокаин, група на луѓе составена од полицајци, криминалци, туристи и тинејџери се собира во шумата каде што е мечката. Овој филм е на репертоарот четврток, петок, недела, среда.

Акциониот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ американски филм за суперхерои, базиран на стрипови на Marvel, во кој се појавуваат ликовите Скот Ланг / Ant-Man и Хоуп Пим / Оса е на репертоарот петок, сабота, недела, понеделник и среда.

„Последниот танц на Magic Mike“ , продолжение на Magic Mike XXL од 2015 година и третиот и последен дел од трилогијата Magic Mike на  режисерот на Стивен Содерберг ќе се прикаже вторник.  

Оваа седмица со една проекција се враќа „Аватар - патот на водата“ ќе се прикаже недела попладне.

Нов детски филм е „ДОГТАЊАН И ТРОЈЦАТА МУСКЕТАРИ“ шпански цртан филм кој ќе се прикажува сабота и недела.

Во сабота и недела  попладневно се детските филмови „Приказната од скриениот град- бестрашната Дејзи“,   „Најдобриот роденден сега“ и најновиот филм за  „Мачорот во чизми- последна желба“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »