речник контакт

Овчарите се жалат, уште ги немаат добиено субвенциите за мината година

Овчарите не ги добиле парите за лани а летово треба да се обезбеди храна за овците за наредната зима

Петар Печков

Одгледувачите на овци се незадоволни оти уште не ги добиле субвенциите за 2021 година. Сите рокови за исплата биле поминати а парите не легнале на сметките на овчарите. Велат дека  им било ветено субвенциите да го добијат до крајот на март, но ништо од ветувањето,  а законскиот рок бил крајот на јуни.  Поради тоа најавуваат дека ќе протестираат.

„Рокот за исплата на субвенциите за ланската година  заврши на крајот од јуни. Се уште немаме ниту денара субвенции.  Сега кога најавивме дека ќе имаме протест, почнале да пуштаат, некои овчари добија, но нивниот број е мал.  Нека излезат и кажат, пари нема, ќе разбереме. Знаеме каква е ситуацијата “ - вели Митко Јанков од здружението „Агро Центар“ од Велес.

 Овчарите се жалат дека не ги добиле парите за лани а  летово кога треба да се обезбеди храна за овците за наредната зима, морале да се снаоѓаат за да обезбедат средства, за набавка на жито, да се заборчуваат.

„Житото се собра, пченица, јачмен, пченката привршува. Ние немам пари да купиме. Државата ни ги чува парите. А министерот Николовски  се фали  ќе започнело авансно да се исплаќаат пари, ние ланските не сме ги земале уште“ - додава Јанков.

Според него  годишно бројката на грло овци се намалува годишно  за 100 – 150 илјади, поради негрижата  на државата за оваа  гранка на сточарството. Ако во Македонија пред 30 години се одгледувале 2-3 милиони  денес  имало околу  400 илјади  грла овци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »