речник контакт

Овчите сипаници и грипот стивнуваат

Период кога учениците беа на распуст

Петар Печков

Во Велес се намалува бројот на заболени лица од варичела – овчи сипаници  и грип.

Според бројката на Центарот за јавно здравје  од Велес а по добиените  податоци од матичните доктори, во првите три седмици од годинава овчите сипаници биле регистрирани кај 26 пред се деца.

Во истиот период од три седмици грипот го имале 58 пациент. За споредба  во втората седмица од годинава имаше 75 заболени од грип.

Ова се бројки на заболени во  период  кога учениците беа на зимски распуст. Како ќа биде оваа седмица, откако децата гргнаа на училиште е отворено а податоците ќе бидат  познати во средината на следната седмица.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »