речник контакт

Ограбен салонот на Кинг софт компјутер

Крадците снимени на камера како крадат шест лап-топа. Ќе ги идентификува ли полицијата?

Петар Печков

Ограбена е продавница за компјутери во Велес, при што крадците однеле роба вредна 200 илјади денари. Кражбата се случила вчеравечер кога од продавницата ,,Кинг софт компјутери,, биле украдени 6 лап-топа.  Сторителите влегле преку влезната врата, која насилно ја отвориле, и од бројната изложена стока се решиле да ги украдат лап -топите.  Сопственикот на салонот од грабежот имал снимка од сигурносните камери која ја предал на полицијата за да ги открие крадците.

Истата ја инсталирал откако пред месец дена  му биле украдени седум  лат-топа и досега сторителите не се пронајдени.  Од СВР Велес велат дека трагаат по крадците на овој грабеж, последен во низата од пет годинава кога во серија беа ограбени два салона со мобилни телефони, Техномаркет и Кинг софт компјутери од каде беше однесена вредна техничка роба, мобилни телефони, компјутери, дигитални фото апарати и камери.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »