речник контакт

Ограбена експозитурата на ТТК банка во Велес

Сторителот бил маскиран со заштитна маска против загаден воздух

Петар Печков

Утрово околу 9,40ч. ограбена е експозитурата на ТТК Банка во Велес. Банката е во центарот на градот, и на главата улица 8-ми септември, но тоа не му пречело на разбојникот да ја ограби и побегне.

Според сведоци кои се нашле на местото на грабежот лицето било маскирано со заштитна маска против загадување на воздухот, со пиштол в раце.

Тој по закана од живот  на вработените во експозитурата ги одзел парите и побегнал. СВР Велес го потврди случајот и кажаа  дека се во потрага по сторителот. На излезите од градот полицијата врши контрола на автомобилите кои го напуштат Велес. 

На 6-ти ноември, лани,  беше ограбена филијала на Поштата кај Градскиот пазар во Велес при што маскираното лице одзело 150 илјади денари, а сторителот се уште не е откриен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »