речник контакт

Ограбена Бензинската кај Штипско џаде

Одземени со закана од нож 43 илјади денари. Маскираните разбојници избегале кон Костурница. Ова е втор грабеж на бензинската за две години

Петар Печков

Во саботата  околу 03.10 часот  ограбена е  бензинската пумпа на Макпетрол  на Штипско џаде на влезот во Велес, соопшти полицијата. Две  маскирани лица  со дуксерки и маски на главата, со закана од нож од вработениот  од  касата одзеле околу 43.000 денари. По  ова избегале од Бензинската трчајќи се упатиле кон Спомен костурницата. СВР Велес презема  мерки за расчистување на случајот. 

Ова е трет грабеж годинава на бензински пумпи во велешко. На 26 септември  двајца маскирани разбојници   ја ограбија  Бензинската пумпа на Макпетрол, кај селото Караслари и одзеле 85 илјади денари, на 11 февруари на бензинската на Макпетрол на автопат близу Велес  беа украдени 22 илјади денари.  

Лани пак имаше две разбојништва  на бензински пумпи, на 29 април на Макпетрол   кај Штипско Џаде беа украдени 26 илјади денари и на 13 февруари  на бензинската ООКТА кај Топилница беа украдени 820 илјади денари. Сите беа со закана  од пиштол и маскирани разбојници а сторителите не се пронајдени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »