речник контакт

Ограбена е бензинската кај Караслари

Двајца разбојници со закана од пиштол однеле 85 илјади денари

Петар Печков

Утрово околу 3 часот двајца маскирани разбојници   ја ограбиле  Бензинската пумпа на Макпетрол, кај селото Караслари, соопштија од СВР Велес.  На Бензинската пумпа која е на автопатот Гевгелија - Скопје, во тој момент на работа бил Н.М. (37 год).

Разбојниците кои биле маскирани  со фантомки на главата, влегле и со закана од пиштол на вработениот му ги побарале парите од касата а едниот од нив го удрил со оружјето по глава. По  ова Н.М. ги предал сите пари, во висна од 85 илјади денари а двајцата разбојници избегале во непознат правец. СВР Велес работи на пронаоѓање на сторителите на ова  разбојништво.

Последните три грабежи на бензински пумпи во велешко изминатите  15-тина месеци уште се без разрешница. На 11 февруари годинава на бензинска на автопат беа украдени 22 илјади денари, на 29 април лани кај Штипско Џаде беа украдени 26 илјади денари и на 13 февруари лани на бензинската кај Топилница беа украдени 820 илјади денари. Сите беа со закана  од пиштол и маскирани разбојници. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »