речник контакт

Ограбено казиното Адмирал во Велес

Со закана од пиштол одземени 112 илјади денари. Ова е втор пат за половина година. Грабежот идентичен и во двата случаи

Петар Печков

Во понеделникот ноќта огребено е казиното ,,Адмирал,, во Велес. Тоа е лоцирано во центарот на градот во поранешна НА-МА. Според полицијата  двајца разбојници, маскирани со фантомки, наоружени со пиштоли влегле околу 23.20 часот и по закана од живот одзеле 112 илјади денари.

Во тој момент во казиното имало две девојки кои биле вработени и едно лице од  обезбедувањето. Едниот од разбојниците го испразнил сефот, ги собрал парите а другиот чувал стража. Соседите кои живеат во зградата на десетина метри оддалеченост,  виделе раздвиженост но дури следниот ден дознале за што станува збор.

Околу половина час пред полноќ се почувствува жагор од пред зградата. Бидејќи времето беше пријатно мислевме дека има луѓе на прошетка. Излегов на тераса имаше неколку групи луѓе, полиција но ништо не оддаваше дека се случил грабеж.  Денес раскажуваат дека  едниот разбојник ги држел на нишан двете девојки а другиот го држел под закана   обезбедувањето. Чудно е што ова е втор грабеж на истото казино за шест месеци. Иако на педесетина метри, во истиот објект, има друго казино, тоа досега не е ограбено, го пљачкаат само ова – велат соседите.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на разбојништвото.  Претходно на 11 август лани  во 1,20 часот  по полноќ беше ограбен истиот  автомат клуб за игри на среќа „Адмирал“. Грабежот идентичен како и тогаш, така и сега.  

Лани две досега уште  неидентификувани лица со фантомки на главите и вооружени со пиштоли непозната марка и калибар, извршиле разбојништво, при што одзеле 284 илјади денари.  И тогаш разбојништвото е извршено над две вработени лица и едно од обезбедувањето. Полицијата уште не ги открила сторителите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »