речник контакт

Ограничена е брзината на возовите по пругата Скопје - Велес, патниците револтирани, не знаат кога ќе стигнат до целта

Од Јавното претпријатие не кажуваат што е причината за ваквата одлука

Петар Печков

ЈП Македонски Железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите, на релацијата Скопје - Велес и обратно. За ваквата одлука  во текот на вчерашниот ден, вторник,  со телеграма биле информирани железничките станици по  должина  од  пругата.

„Има ограничување на брзината на возење на возовите на пругата Скопје- Велес, помеѓу станица Рајко Жинзифов и станица Велес,  со максимална брзина од  20km/h . Истата важи  до нејзино отповикување“ - соопштија од ЈП Македонски железници Инфраструктура.

Од Јавното претпријатие не кажаа што е причината за ваквата одлука. Патниците стравуваат дека ова ограничување на брзината сериозно ќе се одрази со доцнење на патничките возови.

„Редовните патници со воз што патуваме,  сме крајно револтирани. До Скопје или до Велес патуваме за два часа ако не и повеќе. Нека кажат јавно дали оваа одлука е  привремена е или долгорочна,  Вчера возот за Скопје во  14.20 стаса во 14.55 во Велес а назад  за Скопје  тргна 15ч, во  Скопје стасавме 16.20 ч, наместо во  15,20ч. или доцнеше еден час. А вечерниот од  22.40 патниците раскажуваат  стасале во  12 .35 по  полноќ. Нека кажат со време, да си бараме чаре“ - вели револтиран патник.

Нивното искуство е дека во летниот период вообичаено на одредени делници, поради високите температури и можноста од ширење на шините, возовите возеле со намалена брзина, но толку рано, уште во март, да се започне со ограничување, не помнат.  Утринскиот воз од Скопје за Гевгелија, кој по ред на возење од Велес поаѓа во 7,25 ч. за Гевгелија, денес замина после час и половина, во 9 ч.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »