речник контакт

Огревното дрво ќе го добијат сите што уплатиле, до почетокот на грејната сезона

Причина за застојот, дрвата се пренасочувале во приватните скалишта, велат од ШС Бабуна

Петар Печков

 Обврската која ЈП Македонски Шуми, подрачната единица ,,Бабуна,,Велес  ја презела за испораката на огревно дрво, ќе ја изврши.   Сите што уплатиле дрвата ќе  ги добијат до почетокот на грејната сезона, велат од  Шумското стопанство Бабуна. 

И додека граѓаните  се плашат дали годинава ќе ги добијат уплатените огревни дрвја, надлежните  уверуваат дека во наредниот период ќе бидат испорачани. 

За оваа  2017 година има уплатено за   7.200 просторни дрва,  досега се испорачани 1.700. Како  обврска остануваат уште   5,5 илјади просторни метри. За изминатите месеци  сечата на дрва е пренасочувана кон приватните складишта, наместо  кон граѓаните . Ние како  шумарство имаме капаците да ги испорачаме овие два во период од 60  до 90 дена. И тоа испораката на букови огревни  дрва е во тек а за дабовите испорака од 1-ви септември. Место за паника нема – вели  Љубенка Попова шумарски инженер, ново именуваниот  раководител на ШС Бабуна.

Според статистичките показатели на Државниот завод за статистика, во  второто тримесечје годинава, во април, мај и јуни  во земјава сечата на дрвја била за една петина помалку споредено со лани. Или биле исечени 20,5% помалку отколку во истиот период во 2016-та година.

Попова  одговори на прозивките дека е нелегален раководител на оваа подрачна единица.

За раководител  на подружница  на ЈП  ШС Бабуна именувана сум од страна на Генерален директор на ЈП Македонски шуми и сум   законско раководител.  Моето не  е назначување не е од собрание, ниту од Владата ниту  УО туку.   Назначена на 5-ти август и одлуката легитимна и полноважна – изјави Попова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »