речник контакт

Од 12-ти јули вакцинација против ковид-19 и без закажан термин

Вакцинацијата ќе продолжи во спортските сали кои се за масовна вакцинација, но и во Здравствените домови и во болниците

Петар Печков

Почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, со личен документ на вакцинален пункт.

Паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk

Од 12-ти  јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Ова го најавија надлежните од  Министерството за здравство.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »