речник контакт

Од 32 крводарители, 30 биле девојки

Крв даруваа учениците од четврта година во Средното хемиско училиште ,,Димитрие Чуповски,, од Велес

Петар Печков

Триесет од триесет и двајцата  крводарители кои даруваа крв во Средното училиште ,,Димитрие Чуповски,, во Велес беа ученички, само двајца биле ученици. Ова се резултатите од вчерашната крводарителска акција  која се спроведе меѓу учениците од четврта година, во ова средно училиште, за што информираа од Општинскиот Црвен крст од Велес. 

Една третина или десетмина дарувале за прв пат, останатите веќе имаа дарители. Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Собраните крвни единици ќе се наменат за помош на болните низ државата. 

Учениците кои даруваат крв, имаат можност да користат два слободни дена. Минатата година велешките крводарители имаа најдобри резултати на ниво на Македонија, за што го добија државното признание за најголеми хуманисти. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »