речник контакт

Од 4 до 10 септември во Велес првиот џез, ворлд и фестивал на современа музика

Предвидено е фестивалот на да има четири вечери, концептуално поделени по жанрови

Петар Печков

Од 4 до 10 септември Велес ќе биде домаќин на првиот фестивал на џез , ворлд и современа музика.  Тој ќе се одржи на неколку  локации а организатор е здружението „Арт Генератор“, кое ја доби делегираната надлежност за организација на настанот.

„Предвидено е фестивалот на да има четири вечери, концептуално поделени  по жанрови.  Се надевам дека публиката ќе ужива во сите четири фестивалски вечери и изборот на музиката и учесниците кои го нудиме “ кажа    Борче Пејчев, организатор на манифестацијата.

На фестивалот ќе настапат составот „Перија„ , Енес Беговски, Дина Јашари, Сашко Костов, Летачки Пекинезери,  Такси Конзилиум, Бобхедс. Концертите на Спомен Костурница И во  „Паб“ се бесплатни, додека  концертите во салата на велешки театар се со билет.

„Сакаме на велешката публика да и понудиме поширок асортиман на музички жанрови, современа музика, поширока лепеза која ќе ги заинтересира.   По концертите во театарот, на паркингот ќе  има афтер парти со  ДЏ сетови“- изјави Сашко Костов, дел од организацијата на фестивалот.  

Тој е финансиски поддржан од Општина Велес и помагателите, спонзори.

„Ги поканувам велешани, но и жителите од соседните општини да ни се приклучат, да бидат гости на фестивалот, заедно да уживаме, во првото  негово издание„ - рече градоначалникот Марко Колев.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »