речник контакт

Од 40 на 20 години затвор намалена затворската казна за Славе Илиев од село Подлес, за убиство

Апелациониот суд Скопје ги прифатил аргументите дека со изрекувањето на ваква казна, таа се изедначува со изрекување на казна доживотен затвор

Петар Печков

Намалена е затворската казна за  Славе Илиев (62 год) од селото Подлес, - Општина Градско, од 40 на 20 години. Апелација Скопје ја прифатила жалбата на одбраната  и ја преиначила затворската казна на Илиев.  

Обвинетиот, кој  се товареше за убиство и нелегално поседување на оружје,  го призна делото а во Основен суд Велес, каде  беше прогласен за виновен од кривичниот совет со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова, па му беше изречена долготрајна затворска казна во траење од 40 години.  

Според обвинителството причина за кавгата која се случи на 12 јуни лани,  во која смртно застрелан беше Миле Димов (42 год) а ранет Миле Воденичаров ( 44 год) била за  водоводна инсталација.

На Јавна седница на Апелација Скопје, адвокатот Дејан Трајчевски, бранител на обвинетиот, кажал дека судот згрешил што определил максимална казна, според возраста на Илиев -62 год. со таква казна би излегол на слобода на 102, со што не  се постигнувала целта на казнувањето, а не бил разјаснет ниту  мотивот за  постапувањето на Илиев.    Апелациониот суд Скопје ги прифатил овие аргументи, дека со изрекувањето на ваква казна, таа  се изедначува со изрекување на казна  доживотен затвор.

Обвинетиот Илиев како и пред судот во Велес, така и пред Апелација,  изразил каење и жалење за тоа што го сторил, кажал дека нема досега во животот ништо лошо сторено, ништо погрешно, не избегал од местото на настанот, се предал на полицијата кога таа дошла. Додал дека претходно имале нерасчистени односи со двете лица,  што придонело да се случи кривично -правниот настан.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »