речник контакт

Од 6 до 8 октомври во Велес ќе се одржи „Питијадата“, меѓу гостите Меморија, Некс тајм и ДНК

Гости се и Ефто Пупиноски, Елена Андоновска, Игор Димовски -Пауза за ракија, Два бона, Пајак и Лара, Бени и нон стоп, ДЏ Попај, Д Чикс. За младите Тин камп, 5+, Светот на Биби и Поточиња

Петар Печков

Првиот викенд во октомври, традиционално Велес е домаќин на манифестацијата „Питијада“. Таа годинава ќе се одржи од 6 до 8 октомври.  Локалната власт ја најави како фестивал на храната и виното.  Градоначалникот на денешната прес конференција,  кажа дека подготовките се завршени.

„На штандови ќе бидат изложени велшката пастрмалија и вино,  кои се добро познати кај гурманите. Локацијата е непроменета, кај „Панини“ . Годинава имаме 16-17 штандови, кои се брендирани и унифицирани. Договорена е цената на питата е  220 денари, 20 денари повеќе од лани а знаете дека многу елементи кои учествуваат во нејзината подготовка поскапеа, нема ниту работна рака. Во однос на гостите тоа е тоа што можеме да го платиме, а да не префрламе средства следната година“ - рече градоначалникот Марко Колев.  

Сообраќајниот режим во делото каде ќе се одвива манифестацијата,  ќе биде како и годините наназад. Останува само времето да е добро.

„Во пост ковид состојбата имавме договор дека ќе ги поддржуваме македонските изведувачи и македонската песна.  Второ е дека ќе имаме концепт со кој ќе биде опфатена музика за  сите возрасти. Настапите почнуваат  од 19 часот до 1 по полноќ. Така и годинава се македонски изведувачи, но тоа не значи дека од следната година ќе нема балкански ѕвезди. Секој ден има три точки, првата е за најмладите, потоа следи фолк изведувачи, па изведувачи за младите  и за крај на вечерта се познати поп рок групи.   На овој начин опфатени се сите генерации и програмата ќе има  квалитет како лани. Ја градиме програмата врз основа на консултации со угостителите. Да видиме кои се нивните можности за услуга. Ова е заеднички концепт со нив и нас како организатори  “ - рече Зоран Љутков, претседател на Советот.  

За манифестација има  ставка во локалниот буџет во висина од 3,5 милиони денари а од спонзорите најмногу финансии издвоил  ВВ „Тиквеш“.

„Организираме Питијада, каде треба да се истакне квалитетот на велешката пита, не правиме музички фестивал, концерт. Концептот е популаризација на велешката пита пастрмалија.  Нормативите мора да ги задржиме 280 до 320 грама тесто, да не биде замрзнато, месото 160 до 200 грама и ХЛ јајце или две. Тоа е договорено со угостителите. Тие бараат да  има гости како лани. оти ако има повеќе не можат да престасаат да подготват храна. И ќе има реакции и за питата и за чекањето“ - додаде Колев.   

Годинава големата пита пастрмалија ќе се подготви и сече петок на отворањето,  во 18,45 ч. а собраните средства ќе бидат хуманитарни.

 фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »