речник контакт

Од Билтенот на СВР Велес, тепачка во казино, пешак со тешки повреди откако е удрен од возило, кај тројца млади велешани пронајдена дрога

По документирање на секој настан одделно против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Петар Печков

Неколку настани од полицискиот билтен за изминатиот викенд.

„На 04 октомври  во 8 часот во казино во Велес биле приведени М.О.(38 год) и Џ.Х.С.(53 год) двајцата од велешко село, затоа што по кратка вербална расправија во казиното настанала физичка пресметка помеѓу М.О. и Џ.Х.С. од една страна и Р.М.(57 год) од Велес од друга страна кој работел како обезбедување во објектот“.

„На 5 октомври  во 13.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, товарно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(40 год) од Велес, удрило во 69-годишната Р.Л. од Велес“

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л., констатирани во болницата во Велес. Портпаролот на Болницата д-р Билјана Босилкова информира дека пациентката е третирана конзервативо, поставена имобилизација и е пуштена на домашно лекување.   

„На 6 октомври  во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(18 год), Д.В.(26 год) и М.П.(25 год), сите од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, сопственост на Д.Т., во кое се превезувале другите две лица, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица“

По документирање на секој  настан одделно против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »