речник контакт

Од Центарот за социјални грижи велат лицето Славче Јованов добива дневен оброк храна

Ова доаѓа откако видео со Славе Скобалот се појави во јавноста, на кое тој се жали дека со денови не јадел и бил гладен

Петар Печков

Славчо Јованов од Велес, кај велешани познат како Скобалот,  бил  обезбеден со храна од страна на  Центарот за социјална работа од Велес. Од таму информираа дека тој било на листата на лица за кои е обезбеден дневен оброк и редовно го добивал. Ова доаѓа откако по социјалните мрежи беше споделено видео дека Јованов гладувал неколку дена.

Славчо Јованов  е наш корисник на дневен оброк.  Тој добива храна во периодот когае во Велес оти претходно имаше периоди кога беше згрижен во здравствена институција надвор од градот. За добивање на друга услуга, материјална помош и нега не ги исполнува условите, оти е материјално обезбеден, има станбен простор, блиски роднини - изјавија од Центарот за социјални грижи во Велес.  

Пред еден месец велешката полиција информираше дека Славчо Јованов бил избеган од здравствена институција, и се криел во неговиот стан на улица Петре Прличко, поради што мораше таа да интервенира, пожарникари влегоа преку тераса во неговиот дом, по што беше вратен во институцијата, каде се лекувал и бил згрижен. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »