речник контакт

Од април во оптек нови 50 евра

Бидејќи за поголем дел од жителите на Македонија еврото е актуелна платежна валута

Петар Печков

Новата банкнота од 50 евра треба да биде пуштена во оптек од 4 април, и во првата фаза се очекува да бидат пуштени 5,4 милијарди евра.

Според најавите, новата банкнота ќе биде со портретот на божицата Европа, од грчката митологија, а ќе има и подобра заштита со што би се отежнало фалсификувањето и тоа прозорче што ќе станува транспарентно кога ќе се сврти кон светло, како и бројката, која менува боја кога банкнотата ќе се наведне.

Ова е четврта банкнота што доживува промена од воведувањето на единствената валута во ЕУ во 2002 година, откако претходно изгледот го променија банкнотите од 5, 10 и 20 евра. Апоенот од 50 евра е најчесто употребуван од сите апоени во евра. Повеќе од осум милијарди банкноти во апоени од 50 евра се во оптек, што претставува 45 отсто од вкупните апоени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »