речник контакт

Од балетското студио Анабела за учениците со посебни потреби од ОУ Блаже Конески

Тие се собрани од хуманитарен концерт

Петар Печков

Балетското студио  Анабела  ги предаде  во употреба надгледните средства за учениците  со посебни образовни  потреби во ОУ Блаже Конески.   Тие беа собрани од хуманитарен концерт одржан при крајот на минатата година.  Овие дидактички средства ќе ги  користат учениците кои се вклучени во редовна настава, што е новина која се спроведува од минатата година.

По затворањето на Пионерскиот дом, ОУ Блаже Конески  е наш дом десет дони. Тука работиме и затоа чувствувавме потреба  на овој начин да им помогнеме на учениците кои се со посебни потреби а учат тука. Овој кабинет е новина во училиштето и затоа го сторивме ова, во соработка со родителите на децата до Анабела – рече Цеца Пајдакова раководител на балетското студио  Анабела.

Тоа има стотина членови на возраст од 3 до 12 години.  Ова е  нивна четврта донација изминатите години. За петте ученици доаѓа два пати неделно дефектолог Весна Басарова од Посебното Основно училиште Маца Овчарова, кое со нив работи од минатата есен. Тие работата по посебни работни планови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »