речник контакт

Од вечерва четири претстави на фестивалот Импакт

Третото издание на фестивалот на алтернативен театар Импакт годинава донесува четири претстави, сите од домашна продукција. Започнува вечерва, трае до четврток

Петар Печков

Третото издание на алтернативниот театар Импакт годинава  донесува четири претстави, сите до домашна продукција. Започнува вечерва со претставата ,,Госпоѓица Јулија,,  на Турскиот театар од Скопје во режија на Александар Поповски.

Фестивалот  годинава се врти кон македонската продукција, за  велешката  публика  да види каде  е тој, во однос на  ново читање на историски битни текстови. Креаторот на фестивалот очекува реакции на публиката од денешен аспект на пораките кои ги праќаат  без временските Чехов, Орвел, Есенин во овие претстави.   

Целта на фестивалот е да истражува, понуди нешто ново, не секојдневно, нестандардно, невообичаено.  Донесуваме четири претстави, четири различни аудиовизуелни доживување, работени на различни  театарски приоди.  Иако има претстави од национални куќи и театри, изборот е првен да задоволат критериуми дизајн, пристап, простор каде се игра, концепт. Нудиме претстави кои се радикални,  теми кои актуелни, даваат нова светло на живеењето денес Имам свежи читање на Госпоѓица Јулија, која одлично е приемна во Европа.  Имаме одличен визуелен перформанс на 1984-та. Или Трите сестри кои се комбинација на театар со изложба на фотографија, а се игра во неконвенционален простор.   Есенин е претстава е комбинација на класичен театар со мјузикл – изјави организаторот на фестивалот Алексадар Ивановски, дипломиран театарски режисер во Прага.

Вторник на програмата е ,,1984,, според текст на Орвел во драматизација ан Викторија Ангелова, режија на Деана Николовски а во изведба на Струмичкиот театар, в  среда  во ноќниот клуб Тарантино е ,,Три сестри,, од Чехов, во режија на  Теа Беговска а во изведба на  а четврток фестивалот се затвора со претставата ,,Есенин,, во режија на Благојче Божиновски и продукција на Битолски театар, каде младиот Есенин го игра Влатко Илиевски. 

  Годинава Фестивалот е поддржан од Програмата за култура на ЕУ и од Општина Велес. Во рамките  на Фестивалот  Импакт се одржа и театарска  работилница со учество на осум автори, режисери, сценографи од повеќе Европски земји  кој се одржала во куќата на Касапови .

Сите претстави започнуваат во 19,30 часот,  се играат во велешкиот театар и една во ноќен клуб Тарантино а цената на билетот е 50 денари.  Изминатите две години на овој фестивал гостуваа  Словенско Младинско гледаличше од Марибор,  Бугарската театарска лабораторија СФУМАТО, независната група  Мотус од Италија,  танц групата ,,Талданс,, од Истанбул,  ,,Бастард,, продукцијата од Шведска, па ,,Глеј,, театарот од Љубљана и  влијателниот и независен театар Арха  од Прага – Чешка.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »