речник контакт

Од градинката кај Стар мост, украдена храната за оброци за децата

Сторителите го онеспособиле видео надзорот па дури ја украле и количката со која се транспортира стоката

Петар Печков

Утрово кога вработените во 5,30 часот стигнале во Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес, клон 6 Ѕвончица, биле непријатно изненадено кога констатирале дека е извршена кражба на храната, која ја имаат складирано  во магацинскиот простор. 

Тој бил буквално испразнет крадците не оставиле ниту трошка храна. Веста за кражбата ја потврдија и  портпаролот на  СВР Велес Ристе Самарџиев и од  директорката на Детската градинка Димче Мирчев“ Маја Велиновска.   

„Украдена е храната од централната кујна со која се снабдуваат сите шест клона во Велес. Итно ги набавивме сите потребни артикли за денешниот  ручек и децата не почувствуваа дека е извршена кражба. Поради вршење на увид од страна на полицијата, децата претпладнето беа префрлени да се згрижат во други клонови“ - кажа директорката Велиновска.   

Во  магацинот  во текот на денот се врши вонреден попис, за да се утврди што се е украдено.  Но сигурно е дека биле украдени околу 100 кг масло за јадење, 100 кг брашно, шеќер, сол, ориз, грав,  кашкавал, сирење. Од вц-то биле украдени неколку славини за вода.

Дека крадците работеле сериозно, зборува и тоа што пред да ја извршат кражба го онеспособиле видео системот од објектот а ја украле и количката за дистрибуција на роба,за да не ја пренесуваат украдената стока  сами на раце.  Клонот каде  е сторена кражба се наоѓа во стариот дел на Велес, веднаш до Стариот мост. Кражбата е сторена во време на викендот.

Првиот сосед на објектот, жена која живее во куќа спроти градинката, кажа дека викендот тие не биле дома во Велес, се вратиле доцна  синоќа и не слушнале и не виделе ништо. Од СВР Велес соопштија дека е направен увид и се работи на расчистување на кражбата.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »